Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, присуствуваше на традиционалната манифестација „Ден на Гравот“, која се одржа во Теарце. Оваа манифестација, која секоја година привлекува над 600 посетители, годинава го одбележува своето тринаесетто издание и се одржува во рамките на активностите кои ги промовираат локалните производи и гастрономската традиција на регионот.
Заменик министерот Хоџа ја потенцираше важноста од зачувувањето и промоцијата на земјоделското и кулинарското наследство, како и придонесот на истото за развојот на руралниот туризам и локалната економија.
Тој исто така ја изрази поддршката на Министерството за иницијативи кои го зајакнуваат културниот и економскиот идентитет на руралните средини, нагласувајќи дека соработката меѓу институциите и локалните заедници е клучот за одржлив развој.