Заменик министерот Хоџа ја посети Подрачната единица на Министерството во Струга, каде што одблизу го следеше процесот на доделување на картичките за зелена нафта. Тој ги посети и подрачните единици на Државниот инспекторат за земјоделство и на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Оваа година, 705 земјоделци од Струга добија картички за зелена нафта, со вкупна вредност од 6,5 милиони денари.
Земјоделците од Струга работат секојдневно со посветеност, задача на институциите е да бидат покрај нив, не само со зборови, туку и со конкретна поддршка, истакна заменик министерот.