Државниот секретар на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари средба со Амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Андраш Клеин.
„Разговаравме за унапредување на соработката во областа на земјоделството, можностите за зголемување на трговската размена, како и за користење на фондовите на Европската Унија за заеднички проекти и развој“, истакна државниот секретар.
Тој посочи дека ваквите средби претставуваат значаен чекор кон создавање нови партнерства и подобра иднина за нашата држава и нашите земјоделци.