Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Хоџа на терен со земјоделците од Боговиње и околните села

Заменик министерот Хоџа на терен со земјоделците од Боговиње и околните села

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, оствари посета на неколку фарми во селата Ракoвец, Пирок и Горно Седларце во Општина Боговиње, каде што се сретна со земјоделци кои се занимаваат со сточарство и производство на компири.

За време на посетата, заменик министерот Хоџа одблиску се запозна со земјоделските активности, предизвиците и потребите на локалните земјоделци, нагласувајќи ја посветеноста на Министерството за нивна поддршка во зголемувањето на домашното производство и зајакнувањето на руралната економија.

„Посветеност, мотивација, успех и чесност тие се вредностите што денес ги видов кај земјоделците од Боговиње и околните села. Секоја фарма раскажува посебна приказна за напорна работа и посветеност кон земјата и животните. Целиме да понудиме реална поддршка за земјоделците и да ја развиваме локалната земјоделска дејност, претворајќи ги овие приказни за успех во примери за подобра иднина за целата заедница“, истакна заменик министерот Хоџа.

Мени за пристапност