Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денес изврши увид врз процесот на доделување на картичките за „зелена нафта“ во Подрачната единица на Министерството во Боговиње. Тој, заедно со заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Мевлан Морина и директорот на Управата за семе и саден материјал, Али Алили, се запознаа одблиску со текот на овој процес и со интересот на земјоделците за оваа поддршка.
Преку подрачните единици на МЗШВ, картичките за гориво ќе им бидат распределени на вкупно 46.272 земјоделски стопанства, со вкупна вредност од 540.768.406 денари.
Заменик министерот Хоџа истакна дека оваа мерка придонесува за зголемување на ефикасноста на земјоделското производство и зајакнување на капацитетите на земјоделските стопанства.