Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со директорот на Управата за семе и саден материјал, Али Алили, учествуваше на саемот организиран од Здружението „Ренесанса“ во Тетово, со поддршка од CNVP и PONT.
Овој саем е посветен на богатствата што ни ги дава природата, боровинките, планински чај, лековитите и ароматични растенија и медот. Овие производи не се само храна и здравје, туку претставуваат голема можност за развој на локалната економија, планинскиот туризам и за младите генерации кои сакаат да ја градат иднината во својата земја.
„Полошкиот регион и пошироко има исклучителен потенцијал за квалитетни производи кои можат да станат пример за успех за целата земја“, посочи заменик министерот Хоџа.