Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Градиме силно партнерство за земјоделството, шумите и безбедноста на храната

Хоџа: Градиме силно партнерство за земјоделството, шумите и безбедноста на храната

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денеска оствари работни средби со раководители на клучни институции поврзани со овој сектор, со цел зајакнување на соработката и создавање поефикасни политики за земјоделците и граѓаните.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство, Хоџа се сретна со директорот Оливер Миланов и заменик директорот Фадил Асани, каде темата беше безбедноста на храната и стандардите што директно ги засегаат земјоделците и потрошувачите.

Потоа тој оствари средба со директорот на ЈП Национални шуми, Здравко Трајанов, каде се дискутираше за одржливо управување со шумите и обновата на претпријатието, кое, како што беше нагласено, страдало од лошо управување со децении.

Исто така, во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Хоџа се сретна со директорот Илија Стоилев и заменик директорот Мевлан Морина, каде беа разгледани конкретните мерки за финансиска поддршка на земјоделците и потребата за побрзи и поефикасни процедури.

Заменик министерот Хоџа оцени дека преку овие директни соработки, Министерството за земјоделство ќе обезбеди потранспарентни, пофункционални и поблиски политики до реалните потреби на граѓаните и земјоделците во земјата.

Мени за пристапност