Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети прехранбената индустрија „Кристал 1923” во Велес.
Министерот разговараше за кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, каде што соговорниците се согласија дека оваа иницијатива ќе допринесе за зајакнување на македонското земјоделско производство и подигање на свеста за квалитетот на домашните производи.
Во рамки на истата посета министерот Трипуновски оствари и средба со претставниците на производителите на сончоглед, на која разговараа за подобрување на условите за одгледување и пласман на оваа култура.
Поддршката на домашните производители и промовирањето на домашните производи е наш приоритет.