Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски присуствуваше на Свечената академија по повод 90 годишнината од основањето на Хидробиолошкиот завод – Охрид

Министерот Трипуновски присуствуваше на Свечената академија по повод 90 годишнината од основањето на Хидробиолошкиот завод – Охрид

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на Свечената академија по повод 90 годишнината од основањето на Хидробиолошкиот завод - Охрид, научна институција која е од исклучително значење за државата.

 

Хидробиолошкиот завод - Охрид непрекинато ги чува и истражува нашите природни богатства - Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, вклучувајќи ги и водните тела и сл.

 

Министерот додаде дека по шест години застој, Хидробиолошкиот завод – Охрид успешно одгледа 620.000 единки, надминувајќи го минимумот од 400.000 единки и Охридското езеро се пориби со подмладок на Охридска пастрмка.

 

„За заложбата на Министерството за зачувување на Охридската пастрмка говори фактот дека за наредната година речиси двојно го зголемивме износот на средства за порибување на Охридското езеро“, истакна тој.

 

„Соработката со Хидробиолошкиот завод - Охрид ќе продолжи да се зајакнува и во иднина со цел зачувување на рибниот фонд“, посочи министерот.

Мени за пристапност