Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски присуствуваше на традиционалниот Пчеларски саем

Министерот Трипуновски присуствуваше на традиционалниот Пчеларски саем

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на традиционалниот Пчеларски саем, кој што се одржува осма година по ред.

Пчеларството е повеќе од производство на мед, тоа претставува грижа за природата, за земјоделството и за нашата иднина.

Министерството континуирано инвестира во развојот на пчеларскиот сектор и го поддржува преку:

- Директни плаќања кои претставуваат поддршка за секој регистриран пчелар;

- Изминатиот период беше објавен повик за инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларниците, со цел заштита од дивеч;

- Во тек е претходна најава за мерките 3 и 7. Во рамките на ИПАРД Програмата – мерка 7 нуди можност на пчеларите да го прошират својот опсег на активности преку инвестиции во современа опрема и технологии.

Ги повикувам сите пчелари да се регистрираат на платформата „Македонско најдобро” и својот производ да го доближат до потрошувачите. Министерството е и ќе остане партнер во развојот на пчеларството“, истакна министерот.

Мени за пристапност