Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Нашата заедничка цел е создавање конкурентно, модерно и одржливо земјоделство

Трипуновски: Нашата заедничка цел е создавање конкурентно, модерно и одржливо земјоделство

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа состанок со Секторската работна група за земјоделство и рурален развој, заедно со раководителот на Сектор операции во Делегацијата на Европска Унија, г-динот. Александру Албу, претставниците од амбасади, институциите и сите чинители вклучени во развојот на земјоделскиот сектор.

Нашата заедничка цел е создавање конкурентно, модерно и одржливо земјоделство кое ќе обезбеди стабилен приход за земјоделците, развој на руралните средини и квалитетна храна за граѓаните“, истакна министерот Трипуновски.

Министерството иницираше значителни промени на постојните политики кои ќе се реализираат преку:

• ревидирање на Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027;

• подготовка на нов Закон за земјоделство и рурален развој.

Овие процеси се насочени кон поголема усогласеност со заедничката земјоделска политика на Европската Унија, како и кон поставување појасни и мерливи цели за развој и ефикасна поддршка на земјоделците и руралното население.

Успехот во овој процес зависи од заедничкиот пристап, координацијата и активното учество на сите институции, земјоделци, приватниот сектор и граѓанското општество. Само така можеме да изградиме современ земјоделски систем кој ќе биде двигател на економскиот раст и чувар на нашите рурални заедници“, посочи министерот.

Мени за пристапност