Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот на ИНОВА.
„Современото време бара храбри одлуки и знаења кои создаваат решенија. Науката е најсилната алатка во борбата против климатските промени, во обезбедување на здрава храна и развој на одржливо земјоделство“, порача министерот Трипуновски.
Ниту една политика не може да биде успешна ако не се потпира на научни сознанија и истражувања. Затоа, инвестицијата во науката е најдолгорочната и највредната инвестиција што едно општество може да ја направи.
Заедно со научно образовните институции работиме на:
• модернизација на лабораториската инфраструктура;
• развој на дигитално земјоделство;
• поддршка на млади истражувачи;
• учество во меѓународни проекти;
ИноАгри хабот на Факултетот за земјоделски науки и храна, ќе стане пример за спојување на знаењето со иновацијата.
„Вие младите луѓе сте генерацијата која ќе го обликува новото лице на македонското земјоделство. Министерството ќе продолжи да ги поддржува вашите истражувања и практични активности.Науката е мостот меѓу младоста и иднината, меѓу идејата и реалноста, меѓу лабораторијата и нивата. А, ние сме тука да го поддржиме тој мост“, истакна министерот.