Денеска во Градскиот парк се одржа Саемот на храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна”.
„Особено ми е драго што на едно место се собраа повеќе од 150 македонски производители кои со својот труд и посветеност ја чуваат македонската традиција и создаваат квалитетни производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Министерот додаде дека кампањата „Македонско најдобро” веќе покажа резултати, имаме околу 270 регистрирани корисници на платформата. Бројката е доказ дека заедно градиме силна домашна економија.
„Кога избираме македонско, не избираме само квалитет, ја поддржуваме домашната економија и ги зачувуваме работните местата. Ве повикувам сите: купувајте домашни производи, поддржете ги македонските земјоделци и преработувачи, заедно да ја негуваме традицијата. Македонскиот производ е синоним за квалитет“, посочи министерот Трипуновски.