Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски учестуваше на Европскиот конгрес за рурална обнова и развој 2025 година во Познан, Република Полска.
На Европскиот конгрес за рурална обнова и развој 2025 година се говореше за предизвиците со кои што се соочуваат европските земји, а тоа е што има се помал број на млади луѓе кои што се занимаваат со земјоделство. Потребно е да се работи на мотивирање на младите за да се приклучат во процесот на производство на храна, бидејќи тие се движечката сила која што е неопходна во земјоделството.
„Наша задача е да работиме на зајакнување на отпорноста на руралните заедници во услови на глобалните предизвици“, истакна министерот.
На Конгресот беше споделена и најавата за пакетот за олеснување на процедурите во Заедничката земјоделска политика за надминување на административните бариери.