Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја честита 20 годишнината на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG-RRD).
Според министерот Трипуновски за развојот на земјоделскиот сектор е многу важно да има сеопфатен механизам за соработка.
„Соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и SWG се интензивира преку редовна размена на искуства, знаења и информации. Комуникацијата и соработката што ја градевме изминатите 20 години е сведоштво за успехот на регионалниот пристап“, истакна тој.
„Мораме да се погрижиме нашите национални цели и аспирации да останат исто толку амбициозни како и нашите регионални напори. Главната стратешка цел на Владата е насочена кон зголемување на конкурентноста на земјоделското производство и одржлив развој на руралните средини“, посочи министерот Трипуновски.