Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Николов: Земјоделското производство претставува еден од приоритетите на Македонија

Николов: Земјоделското производство претставува еден од приоритетите на Македонија

На Економскиот форум во Јахорина, советникот Перо Николов учествуваше на панел дискусијата насловена „Земјоделство - Економија на обем - Дали можеме да одговориме на растечките потреби на земјите од регионот“. Тој посочи дека земјоделското производство претставува еден од приоритетите на државата.

„Македонија прави значителни чекори кон модернизација на земјоделството и прехранбената индустрија преку инвестиции во инфраструктура, поддршка за млади земјоделци и усогласување со европските стандарди“, истакна Николов.

Николов посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку поддршката на задругарството ги заштитува земјоделците, бидејќи целта на задругарството се намалени трошоци за производство, зголемен обем на производство и сигурен пласман на земјоделските прозводи.

„Силно сме фокусирани кон задругарството се со цел да се подобри економскиот резултат од земјоделството, но и уште поважно да се подигне статусот на земјоделецот на нивото кое го заслужува“, додаде советникот Николов.

Мени за пристапност