Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!

Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!

Денеска се одбележа започнувањето на значаен проект што ќе го зајакне управувањето со шумските пожари и ќе придонесе за климатска отпорност и декарбонизација на нашето општество.

 

Проектот е вреден 1 милион евра, се реализира со поддршка од ФАО, под водство на Канцелацијата на Претседателот на Владата, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е главен корисник.

 

Со проектот ќе се воспостави модерен тренинг центар за справување со шумски пожари и ќе се обучат над 100 претставници од клучни институции.

 

Ќе се воведат нови технологии за следење и рано откривање пожари: дронови, сензори, камери и сателитски податоци.

 

Ќе се подготви Национален план за заштита на шумите од пожари.

 

Преку проектот ќе се унапреди системот за размена на климатски информации и ќе се подигне јавната свест за улогата на шумите во климатската акција.

 

Овој проект претставува важен чекор кон одржливо управување со природните ресурси, заштита на шумите и исполнување на нашите климатски цели до 2030 година.

Мени за пристапност