Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Долгогодишната и добра соработка помеѓу Србија и Македонија се интензивира и ќе продолжи и во иднина

Трипуновски: Долгогодишната и добра соработка помеѓу Србија и Македонија се интензивира и ќе продолжи и во иднина

Денеска во рамките на Новосадскиот саем министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари билатерална средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Драган Гламочиќ, каде што се согласија дека заедничката соработка е приоритет на двете земји.

„Во текот на разговорот се договоривме дека заеднички ќе работиме на одржливоста на земјоделството помеѓу двете земји“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека долгогодишната и добра соработка помеѓу Република Србија и Македонија се интензивира и ќе продолжи и во иднина.

Мени за пристапност