Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ) и со Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ).
„Ги сослушав нивните барања и во заеднички разговор се согласивме дека е потребно решавање на повеќегодишните наталожени проблеми со цел подобрување на условите за работа на вработените во Министерството“, посочи министерот.
Министерот Трипуновски најави дека во изготвување е новиот колективен договор, превземени се конкретни чекори за признавање на бенефицираниот стаж за вработените во Шумска полиција.
„Работиме за зголемување на капацитетите во Шумска полиција: обновување на опремата, подобрување на условите за работа и доекипирање на секторот. Залагањето за подобрување на условите и олеснување на работата на вработените во Министерството е мојот приоритет“, истакна тој.