Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Новосадскиот саем е одлична можност за македонските земјоделци да ги претстават своите производи

Трипуновски: Новосадскиот саем е одлична можност за македонските земјоделци да ги претстават своите производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на Новосадскиот саем, еден од најголемите саеми во Европа во областа на земјоделството.

„Овој престижен саем ги обединува сите земјоделци, изложени се земјоделски производи, фарми и најсовремена механизација“, истакна министерот/

Според него Новосадскиот саем е одлична можност за македонските земјоделци да ги претстават своите производи.

„Министерството преку своите програми ги мотивира земјоделците за да ги промовираат своите земјоделски производи. Наша цел е Македонија да има зголемен извоз на македонските земјоделско прехранбени производи“, посочи министерот Трипуновски.

Мени за пристапност