Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на здруженијата „Македонски семејни винарии“ и „Македонски семејни дестилерии“ во општина Кавадарци.
Семејните винарии се вистинска основа за промоција на македонското вино во светот. Тие го негуваат традиционалниот начин на производство на вино.
„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку своите мерки и активности ќе ги поддржи македонските семејни винарии и дестилерии во нивниот развој и модернизација“, истакна министерот.
Македонското вино има огромен потенцијал и заедно можеме да го издигнеме на меѓународно ниво