Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски присуствуваше на Фестивалот на жетвата во Новаци

Министерот Трипуновски присуствуваше на Фестивалот на жетвата во Новаци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вчера присусутвуваше на Фестивалот на жетвата во општина Новаци.

„Настанот е симбол на нашата визија за силна земјоделска држава и истиот го поддржува Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Општина Новаци“, истакна министерот при своеото обраќање.

При што министерот од општина Новаци ги повика сите земјоделци, земјоделски задруги и преработувачи да се регистрираат на дигиталната платформа - www.makedonskonajdobro.mk.

„Традиционалните настани и манифестации ќе продолжиме да ги поддржуваме, бидејќи преку нив ќе се зачува нашата традиција и ќе се промовира локалниот туризам“, додаде министерот Трипуновски.

Мени за пристапност