Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски посети расадник во општина Јегуновце, кој што се вбројува во топ 5 во Европа по број на садници

Министерот Трипуновски посети расадник во општина Јегуновце, кој што се вбројува во топ 5 во Европа по број на садници

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети расадник во општина Јегуновце, кој што претставува вистински пример за успешен развој на декоративното градинарство во Македонија.

 

Расадникот се вбројува во топ 5 во Европа по број на садници и своите садници ги извезуваат во повеќе европски земји.

 

На расадникот се одгледуваат садници на 350 хектари земја во производство. Оваа година се одгледуваат околу еден милион декоративни садници. Освен одгледување на зимзелени садници, годинава започна и со одгледување на листопадни садници.

 

Расадникот е совршен пример за тоа како традицијата, иновациите и упорната работа носат резултати.

Мени за пристапност