Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски на средба со дел од лозарите од Тиквешкиот регион

Министерот Трипуновски на средба со дел од лозарите од Тиквешкиот регион

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со генералниот директор на АД Водостопанство, Филип Филиповски во подружницата на АД Водостопанство - Тиквеш во Кавадарци оствари средба со дел од лозарите од Тиквешкиот регион.

 

„Со лозарите од регионот разговаравме за тековните предизвици околу наводнувањето, потребите за подобрување на инфраструктурата и за актуелните прашања што ги засегаат“, истакна министерот Трипуновски.

 

Тој посочи дека преку средбите со земјоделците се решаваат нивните реални потреби.

Мени за пристапност