Денеска во просториите на ловечкото друштво „СОКОЛ”, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ги врачи договорите за времено одгледување и заштита на дивечот во ловиштата.
„Заедно со Ловечката федерација на Македонија решивме долгогодишен проблем кој ги засегаше ловците од општина Куманово“, истакна министерот.
Тој посочи дека ловечкото друштво „СОКОЛ“ е едно од најстарите ловечки друштва во Македонија кое што слави 100 години постоење.
„Стотина ловци повторно ќе можат да се грижат за одгледувањето и заштитата на дивечот“, додаде министерот Трипуновски.