Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со членовите на потсекторската група за лозарство и винарство, каде што разговараа за моменталната состојба и почетокот на берба на грозје за реколта 2025.
Државниот инспекторат за земјоделство веќе е на терен и прави засилени контроли пред да започне откупот на грозјето.
На средбата се дискутираше и за актуелната состојба на системите за наводнување.
„Нашата цел е поддршка на домашното производство и зголемување на конкурентноста на македонското вино на странскиот пазар“, истакна министерот.