Денес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го посети Дием-ГП ДОО, претпријатие за производство и преработка на овошје и зеленчук во Негорци.
Во текот на посетата се разговараше за откупот на градинарски производи и овошје, модерните технологии за преработка и пакување и за кампањата„Македонско најдобро: Наша традиција, наша гордост”.
За успешноста на ова претпријатие говори и извозот на нивни производи во 57 земји.
Македонските земјоделски производи го освојуваат светскиот пазар.