Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Серафимовски оствари средба со заменикот државен секретар на Министерството за земјоделство на Унгарија, Балаш Сзабо

Серафимовски оствари средба со заменикот државен секретар на Министерството за земјоделство на Унгарија, Балаш Сзабо

Државниот секретар на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во рамките на посетата на Будимпешта и учеството на 5-та сесија на заедничката комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, оствари средба со заменикот државен секретар на Министерството за земјоделство на Унгарија, г-динот Балаш Сзабо.

На средбата тој ја истакна важноста од продлабочување на соработката меѓу двете држави, особено во делот на размена на искуства, ЕУ интеграциите во областа на земјоделството и користењето на ЕУ фондовите. Заеднички констатиравме дека партнерството и меѓусебната поддршка се од клучно значење за модерно, конкурентно и одржливо земјоделство.

Мени за пристапност