Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Серафимовски присуствуваше во Будимпешта на Петтата сесија на македонско–унгарската економска соработка

Серафимовски присуствуваше во Будимпешта на Петтата сесија на македонско–унгарската економска соработка

Државниот секретар на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски присуствуваше во Будимпешта на Петтата сесија на македонско–унгарската економска соработка, каде што земјоделството и руралниот развој се издвоија како приоритетни области во кои двете земји гледаат заеднички интерес и јасен потенцијал за напредок.

 

Средбите со унгарските претставници овозможија отворен и конструктивен дијалог за современите предизвици со кои се соочуваат земјоделците, потребата од модерни технологии, зголемување на продуктивноста и создавање услови за одржлив развој на руралните средини.

Разговорите отворија можности за:

- заеднички проекти во дигиталното и прецизното земјоделство,

- поддршка на младите земјоделци и семејните фарми,

- унапредување на преработувачката индустрија,

- размена на експертиза за европските земјоделски политики,

- јакнење на руралните заедници преку инфраструктурни и социјални програми, истакна Серафимовски.

 

Toj посочи дека овие билатерални средби се основа за практични решенија, подобри услуги за земјоделците и заеднички иницијативи кои ќе придонесат кон вистински развој на руралните средини.

 

Мени за пристапност