Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети лозар во село Сопот, општина Кавадарци.
Лозарот посочи дека оваа година родот му е двојно зголемен – благодарение на навремено обезбедена вода за наводнување, навремена исплата на субвенции.
Лозарите велат дека повторно чувствуваат дека Владата е нивен вистински партнер, а тоа им дава мотивација да продолжат со уште поголема посветеност во лозјата.
„И јас лично се приклучив на бербата – затоа што само кога сме заедно, кога има партнерска врска меѓу земјоделците и Владата, земјоделството може вистински да се развива“, истакна министерот Трипуновски.