Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети пумпната станица „Марена“ во општина Кавадарци каде што имаше дефект изминативе денови на трафостаницата.
„Обезбедивме агрегат од 700 kW за да може непречено да се испорачува вода до земјоделците“, истакна министерот.
Тој посочи дела секоја санација и инвестиција што се прави е со цел да се има добра и успешна производна година за земјоделците.