Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот Хоџа: Одржливото управување со водите е стратешки приоритет на „Денови на Вардар“

Заменик-министерот Хоџа: Одржливото управување со водите е стратешки приоритет на „Денови на Вардар“

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, учествуваше на отворањето на проектот во рамките на првите активности на „Денови на Вардар“, каде повеќе од 100 претставници на институции, граѓански организации и научни установи се обединија на централната сесија.

 

Настанот беше организиран со цел поттикнување на дискусија и вклучување на сите засегнати страни во заштитата и одржливото управување со сливот на реката Вардар.

 

„Водата е темел на животот и земјоделството, затоа одржливото управување со водните ресурси претставува стратешки приоритет за земјата. Нашите политики, засновани на точни податоци, имаат за цел создавање модерен систем за управување со сливот на реката Вардар, долгорочна стратегија за водна безбедност и одржливо земјоделство. Како Министерство, остануваме посветени на развојот на конкурентно и одржливо земјоделство, со перспектива за идните генерации. Земјоделството треба да биде дел од решението, а не дел од проблемот“, истакна заменик-министерот Албрим Хоџа.

 

Програмата за управување, користење и заштита на водите е поддржана од Владата на Швајцарија – Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање. Програмата ја спроведува конзорциумот Skat Consulting Ltd. и PointPro Consulting.

Мени за пристапност