Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пресметка на производна цена за двете најзастапени сорти на винско грозје за 2024 година

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Ве известуваме дека производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година  се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет  Службен Весник 146/24).

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски Институт – Скопје за вршење на услугата. По завршување на пресметката од страна на Земјоделски Институт – Скопје,  министерството јавно ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје во текот на следната недела.

Мени за пристапност