Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Исплатени 266.978.054 денари субвенции на 4.621 земјоделци

Трипуновски: Исплатени 266.978.054 денари субвенции на 4.621 земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денес се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година.

- Денес се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4.328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од
програмата за 2023 година, и 14.743.587 денари за мерка 1.10 кон 293 земјоделци за предадено овошје на домашни преработувачи од програмата за 2023 година. - соопшти Трипуновски.

Субвенциите веќе денес ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците.

- Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, одговорна и посветена работа ќе стигнеме до целта, а тоа е задоволни земјоделци! - дополни Трипуновски.

Мени за пристапност