Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Меѓународниот саем АДИФЕ (Abu Dhabi International Food Exhibition) е меѓународно признат и реномиран саем за прехранбени производи и пијалоци кој се одржува секоја година.

 

Македонските компании, особено преработувачите на овошје и зеленчук, преку поддршката обезбедена од МЗШВ, за првпат заеднички настапуваат на овој саем.

 

АДИФЕ 2025 се одржува во периодот 21 – 23.10.2025, во Абу Даби, ОАЕ, и 9 домашни преработувачи настапуваат на националниот штанд сместени во халата за меѓународни учесници: Техноалат – Гевгелија; Кривогаштани Промет – Прилеп; Ларс – Штип; Алтера Фоод – Гевгелија; Конимех – Скопје; Вори – Гевгелија; Бест Фуд ТИ – Радовиш; КИМ – Неготино; и Монтенегро - Гостивар.

 

Учеството на саемот е можност за македонските производи да бидат претставени и промовирани на пазарите од Блискиот и Средниот Исток. 

Мени за пристапност