Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски на министерска панел дискусија „Намалување на отпадот од храна и заштеда на водата – Заштита на нашата иднина“ во Истанбул

Министерот Трипуновски на министерска панел дискусија „Намалување на отпадот од храна и заштеда на водата – Заштита на нашата иднина“ во Истанбул

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски учествуваше на министерската панел дискусија „Намалување на отпадот од храна и заштеда на водата – Заштита на нашата иднина“ во Истанбул.

На министерската панел дискусија беше истакната потребата за креирање на мерки, како и зајакнување на меѓународните партнерства и заедничките активности.

Во светот од една страна се соочуваме со губитоци на храна од над 1,3 милијарди тони годишно, а од друга страна милиони луѓе се соочуваат со недостаток на храна. Истовремено во земјоделството се користат 70% од водни ресурси, а климатските промени дополнително ги зголемуваат притисоците врз природните системи.

Благодарност до Фондацијата „Zero Waste“ и почесната претседателка Н.Е. г-ѓа Емине Ердоган, и Н.Е. Ибрахим Јумакли, министер за земјоделство и шумарство на Република Турција за организацијата на овој настан.

Храната и водата што ќе ги заштитиме денес ја гарантираат стабилноста на општеството утре.

Мени за пристапност