По завршување на министерската панел дискусија „Намалување на отпадот од храна и заштеда на водата – Заштита на нашата иднина“ во Истанбул, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средби со министерката за земјоделство и прехранбена индустрија на Молдавија, г-ѓа Лудмила Чатлабуга и заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и шеф на канцеларијата на ФАО во Македонија, г-дин Набил Ганги.
Овие средби се можност за продлабочување на меѓусебната соработка, размена на искуства и зајакнување на партнерството во областа на земјоделството и одржливото управување со ресурсите.