Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, г-дин Ибрахим Јумакли.
На средбата разговараа за размена на искуства во делот на одржливото управување со водните ресурси и за заштитата и развојот на шумарството.
Унапредувањето на соработката помеѓу институциите е клучно за справување со предизвиците на климатските промени и зачувување на природните ресурси за идните генерации.