Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Решен повеќегодишен проблем на ловците од општина Кочани

Решен повеќегодишен проблем на ловците од општина Кочани

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го посети ловечкото друштво „Осогово” каде што лично им ги врачи договорите за времено одгледување и заштита на дивечот во ловиштата.

 

Во изминатиот период овие ловишта беа оставени без корисник, а најголемата штета ја претрпе дивечот во нив.

 

„Заложбата на Министерството во овој период е првенствено ловиштата да го постигнат својот капацитет со дивеч, па потоа да започне нивното користење“, истакна министерот.

 

Тој посочи дека ловниот дом ќе биде обновен, што ќе им овозможи на ловците да се грижат за одгледувањето и заштитата на дивечот во согласност со највисоките стандарди.

Мени за пристапност