Државниот секретар на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски отвори два настани 8-миот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза” и 4-от Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агромак” кои се одржаа во Куманово.
„Саемите претставуваат можност за промоција на органски и традиционални производи, презентација на модерни земјоделски технологии и иновации, поврзување со нови бизнис партнери, вмрежување и размена на искуства“, истакна државниот секретар.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е партнер и поддржувач на вакви локални и меѓународни иницијативи, кои ја истакнуваат вредноста на нашето домашно производство.