Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Серафимовски присуствуваше на настан посветен на презентирање на резултатите од ИПА 2 проектите во земјоделството и руралниот развој

Серафимовски присуствуваше на настан посветен на презентирање на резултатите од ИПА 2 проектите во земјоделството и руралниот развој

Државниот секретар на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски присуствуваше на настанот посветен на презентирање на резултатите од ИПА 2 проектите во земјоделството и руралниот развој, реализирани со поддршка од Европската унија.

Во изминатиот период, преку овие програми се постигнаа значајни подобрувања во делот на модернизација на малите системи за наводнување, консолидација на земјоделското земјиште, поддршка на задругите, унапредување на безбедноста на храната, фитосанитарните стандарди, ветеринарните политики и дигитализацијата во шумарството.

Овие резултати покажуваат дека партнерството со ЕУ дава реални и одржливи ефекти во развојот на секторот.

„Како Министерство, продолжуваме со посветена работа на јакнење на институционалните капацитети, подобрување на законската рамка и создавање услови за поконкурентно, модерно и одржливо земјоделство.Голема благодарност до Делегацијата на Европската унија и сите партнери, колеги и соработници за посветеноста,  поддршката и заедничките успеси“, истакна државниот секретар Серафимовски.

Мени за пристапност